(Видео) Министерот Милевски со навреди за Владиката на Св. Трифун: Му пречеше што Агатангел се помоли со помош на Мицкоски, Македонија да го врати македонското

t

Владиката Агатангел на денешното празнување на празникот Св. Трифун во Кавадарци, на закројување на лозјата Владиката се помоли со помош на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски Македонците ќе си го вратат националното и македонското.

„Ние македонците сме патриоти и емоционални луѓе. Си го сакаме својот, јазик и својата македонска држава и нација и се што е свето македонско, бидејќи тоа го примивме од светиот апостол Павле кој чекореше по македонската земја. Верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсветла партија, ВМРО-ДПМНЕ Мицковски се она што дадовме ќе го вратиме назад, прво со него, а потоа и со божја помош јас верувам дека Бог, спасителот наш ќе му помогне нему и на сите негови соработници да се она што е наше свето македонско и национално да го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија емоционално да ја одредува судбината на нашата земја, рече тој.

Ваквата изјава му пречеше на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој исто така беше на закројување во Кавадарци, па со навреди го нападна Владиката.

„Жалам што оваа манифестација во Кавадарци се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што владиката Агатангел си ја извалка мантијата наведувајќи еден голем дел од македонските граѓани. Мислам дека неговите изјави се срам за мантијата што ја носи. Повеќе прави срам на црквата отколку на самиот себе. Да беше свесен што зборува, тоа немаше да го кажува. Како што кажа, како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така господинот Агатангел, ако можам да го наречам господин, е штетник за црквата и народот“ рече Милевски и нагласи дека црквата требало да се свести кои се владици и кои ги пушта на вакви настани, на кои се напаѓа голем дел од населението а се величи лидерот на опозицијата.

ФОТО: ММС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син ја претепал својата 72-годишна мајка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…

Владата назначи нови директори на затворите низ…

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна…

(Фото галерија) Општина Аеродром претворена во змијарник,…

Хаос во населба Мичурин, со месеци никој…