(Видео) Мицевски: На пратениците 5 месеци им е ускратено правото да поставуваат пратенички прашања

t

Во Собранието на Република Македонија, последен пат, седница за поставување на пратенички прашања имаше на 30-ти јули оваа година. Дури пет месеци, ако го броиме и декември, на пратениците им е ускратено правото да поставуваат пратенички прашања, истакна на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координатор на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 17 месеци Влада, 8 пати имало поставување на пратенички прашања.


-Според Деловникот односно одредбата во Деловникот се вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот. Но не е така кога СДСМ е на власт. Денес, Владата повторно сака да избега од одговорност, сака да избега од соочување со проблемите кои ги мачат граѓаните, сакаат да избегаат од скандалите и афетите за кои станаа рекордери. Иако Владата е во оставка, според Уставот нема никаква пречка да се одржи седницата за пратенички прашања и владините функционери да дадат одговори на прашањата од пратениците. Имено, во членот 93 во ставот 5, јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка, како во овој случај или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада. Зоран Заев и неговите министри повторно свесно го кршат Уставот, нешто што впрочем им стана пракса. Дојдоа на власт преку кршење на Уставот и Деловникот, така и си заминуваат, истакна Мицевски.

Посочи дека денес, Зоран Заев и неговите министри избегаа од одговори кои треба да ги дадат на јавноста, а се однесуваа за криминал, корупција, надворешна политика, енергетска криза, како и локални проблеми кои ги мачат граѓаните.

-На пример, денес Заев избега од одговор за прашањето за 5+1 пакетот одговори кои македонската страна го прати до Бугарија. Никој не знае што содржи овој пакет, никој не знае дали Владата повторно се согласила на некои отстапки кои се однесуваат на идентитетот и јазикот и дали ги прифатила условите на бугарската страна за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ. Владата денес, исто така избега од одговори за прашањата кои директно ги засега граѓаните, а се поврзани со енергетската криза во која што се наоѓаме. Нема одговори за тоа колку ќе се покачи цената на струјата, нема одговри ниту за криминалите во енергетскиот сектор за кои е сведок целата македонска јавност. Бегаат од одговори и одговорност за трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 45 наши сограѓани, за која се испостави дека не се работи само за обична несреќа туку за катастрофално нефукнкционирање на системот, низа на пропусти поврзани со дозволите за транспорт, лиценци и технички преглед на возилото. Иако веќе еден месец се кријат и бегаат од одговор за скандалот со пропуштањето на 1 тон наркотични супстанци во државата, денес повторно со неодржувањето на седницата за пратенички прашања повторно избегаа од одоговри за оваа криминала афера. Нема одговори ниту за скандалот што деновиве ја тресе Македонија, поврзан со продажбата на АД Славија, за кои има индикации за сериозен криминал и корупција, а за кој Зоран Заев и неговите министри молчат. Граѓаните не добија ниту одговори за прашања кои се оденсуваат за локални проекти кои СДСМ им ги ветувал, а сеуште нема никаква реализација, изјави Мицевски.

Нема одговори ниту за состојбата со пандемијата и за урнисаниот здравствен систем со кој се соочуваме.

Денес, можеме сите да заклучиме дека оваа Влада на Зоран Заев е најнеодговорната, најнетранспарентната, најарогантната и најлошата Влада што Република Македонија воопшто ја имала.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бара одговорите на сите овие прашања на било каков начин. Бегањето на Зоран Заев не значи и исчезнување на проблемите. Македонските граѓани имаат право да ја знаат вистината за секој скандал или афера, а ние ќе најдеме начин како овие прашања да бидат одговорени.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дипломатски скандал: Кривокапиќ го врати црногорскиот МНР…

Според црногорските медиуми, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ…

МНР: Навремено ќе известиме за препораките и…

Македонија со внимание ја следи актуелната состојба…

Почина Ратка Бакалиноска која бугарските фашисти ја…

Почина Ратка Бакалиноска, партизанка од Битола која…

Слаба Влада им одговара и на официјалните…

„Остваривме контакт со Бујар Османи и се…

Прилепчанец загинал во пожар во викенд куќа

Осумдесет и деветгодишен прилепчанец со иницијали Т.М.…