(Видео) „Ми нудеа пари и функција“ – Еве колку земал Бунтурот за да се врати назад во ВМРО-ДПМНЕ!

t

Ми нудеа пари и функции за да престанам да го критикувам раководството на ВМРО-ДПМНЕ, објаснува во вчерашното гостување во „Тешки муабети“ професорот Оливер Андонов.

Андонов открива и информации дека Петар Богојески – Бунтур, според кажувања на лица од партијата, земал 100.000 евра за да се врати назад во партијата.

– Јас не велам дека не прифатил, само не знам за сумата дали е точна. Човекот кој ме контактираше ми кажа дека е разговарано со Петар Богојески и 100.000 ЕВРА му биле дадени. Толку му била цената за да почне да зборува во првата фаза дека треба десницата да се обедини, а потоа во втората фаза еве влезе и во коалиција.

Потоа ми спомна дека е разговарано и со Никола Попоски, поранешниот МНР, него му енудено место во Брисел наводно, само да престане да зборува дека одредени лица од ВМРО-ДПМНЕ ќе завршеле на црна листа бидејќи тоа штетело на рејтингот на партијата. За Алекандар Николоски зборувал дека ќе заврши на црна листа.

Било разговарано и со Никола Тодоров и дека му било ветувано дека ќе добие управен одбор во некое многу големо претпријатие за да остане на страна, да не се меша.

Имав информација дека на Владимир Пешевски ќе му се тргнат сите кривични пријави. На многу луѓе им се ветувани работи што не можат ни да се реализираат, вели Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…