(Видео) Надреална ситуација на кинеско-индиската граница: Kинески и индиски војници се тепаа со стапови во Кашмир на надморска височина од над 3 илјади метри

t

Кашмир е северозападниот дел на на Индискиот Полуостров. Сè до средината на XIX век поимот Кашмир се користел за долината што се наоѓа помеѓу Хималаите и Пир Панџал појасот, од тогаш се користи како за поголема територија отколку што е денешната држава Џаму и Кашмир во Индија ги содржи долината, Џаму и Ладак, пакистанската административна провинција Северни Територии и Азад Кашмир, и кинескиот административен регион Аксај Чин.

Во првата половина на првиот милениум, Кашмир станал главен центар на хиндуизмот и подоцна на будизмот а подоцна во XIX век се развил и Кашмирскиот Шаивизам. Во 1349 година Шахот Мирза станал прв муслимански владетел во Кашмир. Во наредните пет века Кашмир има муслимански морнарси, кои владееле сè до 1751 година. Моментално кашмирскиот регион е поделен на три држави: Индија, Кина и Пакистан.

Пред околу една година на неутврдената граница меѓу Кина и Индија во стратешката долина Галван загинаа најмалку 20 индиски војници. Драматичната ескалација ги донесе првите воени жртви во судир на двете земји уште од 1975 година. На судирите им претходеа повеќенеделни тензии кои кулминираа пред неколку недели со тепачка меѓу кинеските и индиските војници во спорниот регион.

Граничниот спор за првпат ескалираше за време на посетата на индискиот премиер Џавахарлал Нехру на Пекинг во 1959 година. Нехру реагирал на границите кои биле исцртани на официјалните кинески карти, на што кинескиот премиер Жу Енлаи му одговорил дека неговата влада не ја признава колонијалната граница.

Кинеските трупи ја преминаа спорната граница со Индија во 1962 година, што предизвика четиринеделна војна во која загинаа илјадници луѓе на индиска страна, но потоа Кинезите се повлекоа. Но Пекинг го задржа Аксаи Чин, стратешки коридор кој го поврзува Тибет со западна Кина. Индија се уште тврди дека тоа е нејзин регион, исто како и долината Шаксгам во северен Кашмир кој е под контрола на Кина.

Спорна точна е и Нату Ла, највисокиот планински премин на Индија во североисточната држава Сиким кој се наоѓа меѓу Бутан, кинескиот дел на Тибет и Непал. Таму се одвиваше и последниот воен судир меѓу двете земји во 1975 година.

Уште една спорна точка е регионот Доклам во Бутан каде војските на двете држави со месеци се држеа на нишан откако Пекинг започна изградба на пат. Доклам е стратешки важен затоа што и дава на Кина пристап до ткн. „кокошкин врат“- тесен премин кој го поврзува североистокот на Индија со остатокот од државата. Судирот таму всушност е меѓу Кина и Бутан- кој е сојузник на Индија. Спорот беше решен преку разговори.

Оние кои се прашуваат зошто индиската армија користи стапови наместо оружје. Според договорот меѓу Индија и Кина од 1996 година, член 1, ниту една страна нема да ги користи своите воени способности (oружје) против другата страна.

Кина го прекрши тоа правило во 2020 година кога употреби остро оружје наместо пиштоли и муниција за кои Индија не беше свесна поради договорот и тоа ја чинеше Индија 20 војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ, кој и зошто? На никого не…

ВМРО-ДПМНЕ, кој и зошто? Насловот на колумната…

Шукова: Мора да има кривична одговорност за…

СДСМ го осуди најновиот еколошки инцидент во…

Дождливо време до четврток, стабилизација од петок

До четврток ќе се задржи променливо облачно…

СДСМ: Колапс на безбедносниот систем, бараме оставка…

Опозициската СДСМ жестоко реагираше на влошената безбедносна…

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар утрово

Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран…