Објавено на:

(Видео) Најмалку 16 лица се повредени при испарување на непозната течност во Хрватска

t

Попладнево се случил инцидент во Тухељски Топлице, на северот од Хрватска, при што најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако испарила непозната хемикалија.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените.

Двајца од повредените се префрлени на лекување во Загреб, а останатите 14 се згрижени во Општата болница Забок. Повредените, главно, се жалат на проблеми со дишењето.

Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.

Пријавата дошла од вработени и посетители, кои се пожалиле на непријатен мирис на хемикалија, но и на респираторни проблеми кај гостите кои во тој момент се наоѓале во просторот за капење.

Евакуацијата почнала околу 18.10 часот, а засега не се знае за каква точно хемикалија станува збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…

Во хрватското Министерство за наука, образование и…

Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…

Владата на Република Хрватска на седница одржана…

Маж од БИХ скршил рампа на граничен…

Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…

Хрватска ќе ги части пензионерите еднократен финансиски…

Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ…

Ужас во Хрватска: Пронајдени закопани две бебиња,…

Страшен случај ја потресе Хрватска, откако во…