(Видео) На „Пластичарска“ и денеска отпор од дуќанџиите ЕВН да им инсталира нови броила

t

Веќе пет дена по ред жителите на скопската населба Серава се оставени без струја. Во знак на револт тие и денеска ја блокираа улицата позната како „Пластичарска“. Пред камера раскажуваат дека исклучувањето на струјата им го отежнува секојдневието најмногу на старите и изнемоштени лица и на децата. Велат дека иако редовно ги плаќаат сите сметки за струја сепак на ниските температури се оставени без греење па мора да се снаоѓаат на различни начини.

АНКЕТА Граѓани

– Ова е срамота. Пет дена немаме струја, децата се болни, срамота е ова. Пушти им на народот струја, барем една фаза да се пушти а не да блокираат цели три фази, луѓе има тука болни.

– Секоја сметка ни е платена. Еве можам и да ви покажам. Не должиме ништо. Од неделата сме без струја. Се јавуваме сто пати во ЕВН, викмаат имало дефект а не знаеме што е причината

– Погледнете само ова, сите имаат огромни куќи, дуќани, и тоа со индустриска струја, плаќаат и пак немаат, греота од господ.

– Што е оваа работа, да се мачи народот. Деца има тука. Размислете барем малце

Од ЕВН велат дефектот е поради долготрајните неконтролирани кражби на електрична енергија од страна на жителите. Појаснуваат дека се додека нивните екипи немаат пристап да ја реконструираат мрежата и да ги променат броилата ќе биде невозможно да се санира дефектот.

ЕВН

– Веќе подолг период, жителите на улиците „Исмаил Кадаре” и „Кумбара” го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето. Се додека екипите немаат пристап за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, ќе биде невозможно да се санираат дефектите, кои ќе продолжат да се појавуваат и во иднина како резултат на преоптовареноста од нелегалните приклучувања.

Според ЕВН во овој регион, загубите на струја надминуваат 70%, додека наплатата е 60% од потрошувачката на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На „Пластичарска“ и денеска отпор од…

Веќе пет дена по ред жителите на…

(Видео) Арсовска објави снимка: Независни, лиценцирани и…

Независни, лиценцирани и акредитирани мерења го открија…

Анкетната комисија за Кочани без поддршка од…

Иако нејзиното формирање беше најавено од власта,…

„Чичко прскај повеќе вода, поубаво дишеме“: Сведочеше…

Откако одбраната на сите обвинети за трагедијата…

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“…

– Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…