(Видео) Невремето ги поплави и Вила Водно, МВР, ОЈО ГОКК…

t

Силното невреме што вчера попладне го зафати Скопје, освен што собори повеќе дрва и семафори, оштети возила и покриви на згради, зад себе остави штети и на витални објекти во главниот град.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, меѓу оштетените објекти се претседателскиот комплекс Вила Водно, објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Додаваат дека во невремето се регистрирани значителни последици и на скопскиот аеродром, каде што поради поради протекување на кровот, излезот од државата беше во прекин околу час и половина.

„Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде што до 22:00 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции“, информираа синоќа од МВР, додавајќи дека се постапува по сите пријави поврзани со последиците од невремето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…

Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…

Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…

Невреме со силен дожд, грмежи и локално…

Попладнево и утре ќе има невреме во…

Македонија во четврток ќе остане под влијание…

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…