(Видео) Николоски за Коридор 8: Се уште сум против, овој проект нема да се работи, дали ќе работиме нов ќе видиме!
Начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8 е постигнат а министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна.
„Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сеуште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи дали ќе работиме нов, ќе видиме“, изјави Николовски, министерот за транспорт и врски и вицепремиер.
Во официјалното соопштение на министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…