(Видео) Нов украински напад на руска територија, гори депо за нафта!
Нападот со беспилотни летала изведен во текот на ноќта врз рускиот регион Курск, кој граничи со Украина, предизвика експлозии и пожари во областа, а зафати и големо складиште за нафта.
Алексеј Смирнов, гувернерот на областа Курск, утринава објави дека руската противвоздушна одбрана е „во состојба на готовност“ поради заканата од напади со беспилотни летала и го предупреди населението да биде „внимателно“притоа не соопштувајќи никакви детали за евентуалните сознанија за нови напади.
Киев Индипендент наведува дека засега нема информации за жртви или материјална штета.
Курската област се наоѓа на другата страна на границата со украинската област Суми.
Киев Индипендент наведува дека, како и другите руски области кои се граничат со Украина, во последните месеци, руските погранични области се постојана цел на украиснките беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…