(Видео) Ова го нема ниту на филм: Ниту В.Д. директорката, ниту полицијата не сака да ги земе печатите кои ги бара цела Македонија

t

Ново продолжение на драмата се случува во моментов во Гимназијата во Демир Хисар откако директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски утрово се јави на информативен разговор во демирхисарската полициска станица.

Таа потоа замина во училиштето каде сакаше да ги предаде печатите на незаконски поставената В.Д. директорка, но за да биде ситуацијата уште потрагична, ниту В.Д. дирекорката ниту полицијата не сакаа да ги земат и да знаат каде се наоѓаат печатите од училиштето.

Целата сага започна пред помалку минатата недела кога полицијата влезе во домот на директорката Маја Лозановска која беше на боледување со цел да биде разрешена на неколку часа пред распишувањето на избори. Началникот на полицијата на Демир Хисар сакаше да ја однесе на информативен разговор директорката макар и на носилка, но го спречи фактот што нејзиниот адвокат Жарко Стефановски ја снимаше со телефон целата ситуација.

Ситуацијата вчеа ја коментираше и премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека началникот кој постапил надвор од овластувањата за време на претрес во Демир Хисар, е суспедниран односно сменет и додава дека доколку има пречекорувања кои имаат и кривична одговорност ќе има и други мерки. Нема повластени и секој кој ќе згреши ќе си сноси одговорност. Но потенцира, треба да се констатира и да се преземат и мерки за директорката, за која од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности поради кои е и разрешена. Некој, вели, треба да даде одговор во јавноста за исчезнувањето на печатите и документи од училиштето.

Сега кога директорката сакаше да ги предаде печатите, никој истите не сака да ги земе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ова го нема ниту на филм:…

Ново продолжение на драмата се случува во…

Босанскиот суд го прифати барањето на одбраната…

Судот на БиХ донесе пресуда со која…

Албанија и Европол разбија голем нарко-картел! Запленети…

Специјализираното обвинителство на Албанија (SPAK), во соработка…

Уапсено момче кое носело пиштол, а со…

Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало…

Трамп: Во првите две минути од средбата…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека украинскиот…