(Видео) Од пресушениот Дунав излегоа нацистички бродови кои биле потопени во Србија пред повеќе од 80 години
Екстремната суша и високите температури што ја зафатија Европа предизвикаа рекордно ниско ниво на водата во Дунав, поради што во близина на Прахово, во источна Србија, повторно се појавија остатоци од германски воени бродови потопени за време на Втората светска војна.
Станува збор за бродови што германските сили намерно ги потопиле при повлекувањето во 1944 година, со цел да не паднат во рацете на тогашната Црвена армија.
Поради значителното намалување на водостојот, делови од пловилата кои со децении беа под површината на Дунав повторно станаа видливи, создавајќи необична и впечатлива глетка.
Според информациите на Ројтерс, ваквата појава повторно го привлекла вниманието на јавноста, но и на експертите, бидејќи потопените бродови и денес претставуваат потенцијална опасност за речниот сообраќај, особено во периоди кога нивото на реката значително опаѓа.
Регионот кај Прахово е познат по големиот број потопени германски воени пловила, а нивните остатоци во изминатите години повеќепати стануваа видливи за време на долги сушни периоди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Од пресушениот Дунав излегоа нацистички бродови…
Екстремната суша и високите температури што ја…
Тошковски: Водата во Гостивар уште не е…
Водата од водоводот во Гостивар сè уште…
Водата во Дојранското езеро е со одличен…
Резутлтатите од земените мостри покажуваат дека водата…
Кривична за 58 годишник од Струга, на…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ч.(58)…
Пукање на семејна веселба во Сарај: Пронајдени…
Вчера во полиција било пријавено дека околу…