(Видео) Партиите делат 10 милиони евра за една година, да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата
– За сто гласа на парламентарни избори една политичка партија добива 70.000 евра четири години до наредни парламентарни избори, за 2025 година сите политички партии ќе поделат 8 до 10 милиони евра наши пари. Да не нѐ лажат дека Буџетот нема пари за зголемување на минимална плата, ако земем ние повисоки пари ќе има пари државата, младите, пензионерите. Доста ни е лажење, дојдовме по нашите пари што ги заработуваме со крв – порачаа од ССМ денес на протестот пред Владата за повисоки работнички плати.

Од Синдикатот за кулутра му порачаа на Министерот да работи на зголемување на платите, на подобрување на рбаотничките плати.

Работниците со аплауз ги поздравија полицајците, за кои нагласија дека и тие немаат зголемена плата.
– Да порачам на Владата дека не треба да се плаши од народот, од работниците, ова е работнички протест организиран од работниците за работниците, никој тука нема политички амбиции, се бори за зголемување на рбаотничките плати, порача Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Трендафилов додаде дека имало закани кон работници за да не се протестира за зголемување на платата.
– Вие сте ненародна Влада, не направивте ништо за народот, вели Трендафилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Партиите делат 10 милиони евра за…
- За сто гласа на парламентарни избори…
(Видео) Пешевски: 600 евра минимална плата веднаш,…
600 евра минимална плата веднаш, не за…
Протест за поголеми работнички плати денес во…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на…
(Видео) Трендафилов: Утре сите патишта водат во…
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес на…
Трендафилов: Голем протест за зголемување на платите…
На денешната прес-конференција која се одржа во…