Објавено на:

(Видео) Пет-годишно дете падна во бунар длабок 32 метри: Цел свет го следи неговото спасување

t

Рajaн, петгодишно дете од Мароко, во вторникот падна во бунар длабок 32 метра, а спасувачите со денови копаат дупка паралелна со бунарот за да го спасат.

Спасувачите очајнички се обидуваат да стигнат до момчето, а сега е соопштено дека дојдено е до последната фаза од операцијата.


Тие работеле цела ноќ за да стигнат до детето.

Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.

Според последните информации, на спасувачите им остануваат уште помалку од два метра да стигнат до детето, но копаат со раце поради страв од одрон.

„Оваа фаза е најважна и најсложена“, рече Абделхади Темрани, еден од спасувачите.

„Речиси сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи“, додаде Абдесалам Макуди, еден од водачите на операцијата.

И покрај страшниот пад, снимка од камера спуштена во бунарот покажува дека момчето останало живо и свесно, иако има полесни повреди на главата.

Потсетување, спасувачите му фрлиле маска со кислород, храна и вода во бунарот, а медицинска екипа е подготвена да му помогне на момчето на самото место. На местото на настанот пристигнал и хеликоптер кој откако ќе биде извлечен од бунарот, ќе го пренесе Рајан во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмалку четири цивили, меѓу кои дете…

Четворица цивили, меѓу кои едно дете и…

Драма во Скопје: Наставник нападнал дете во…

На 09.03.2022 во 08:45 часот во Полициска…

Страшно: Скопјанка и нејзиното дете претепани во…

На 07.03.2022 во 15.30 часот во Полициска…

Го удирала со лажица по глава: Воспитувачка…

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од…

(Видео) Почина шестгодишното момче кое беше четири…

Почина шестгодишното момче Хајдар, кое пред три…