(Видео) Пивоваров: Полиграф е едно од решенијата за корумпираните македонски граници!

t

Сивата економија во Македонија на годишно ниво е милијарда и 200 до милијарда и 400 милиони евра, а тоа е голем проблем, вели во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс, Владимир Пивоваров,  поранешен национален координатор за гранично управување.

– Во делот на акцизите е најголемиот дел од губитоците на државата, тоа е уставна категорија, секој е должен да плати и многу е едноставно, побарајте меѓународна помош колку од кај нив излегла стока, колку кај нас влегла, едноставно.

Работата е закочена од горе до доле, секој допис што ќе го пратевме до одредена институција, ќе се јавеа после 120 дена и велат супер вие што доставивте, ќе почнеме истрага ама доставете ни ги снимките, а знаат дека по закон е 30 дена. И не е проблем еднаш да погрешат, проблем е што секој следен акт така продолжува, истакна Пивоваров.

Решението е полиграфско тестирање е решение за проблемот, истакна Пивоваров.

– Јас предложив решение, не само кај нас туку и во Брисел. Секаде границите се корупмирани, има и покорумпирани граници и тоа во самата ЕУ. Предложив, тоа се високоризични работни места, единствено решение е дерогација на правото, во високоризични работни места господата седнуваат на полиграф. Тоа е форензичка мерка, не е цврст доказ, но тоа може да се достави до јавен обвинител, истакна Пивоваров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Измислица е дека сме сакале да…

Не сум се видел со Груевски, ниту…

(Видео) Османи: Палењето на македонското знаме е…

Ниту како партија, ниту лично не ми…

(Видео) Османи открива ексклузивни детали од преговорите:…

Како поминува времето ќе видат дека ниту…

Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…

Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…

(Видео) Фрчкоски: Францускиот предлог е подобар од…

Францускиот предлог е подобар од Преспанскиот договор,…