(Видео) Пријавени поплави по обилните врнежи низ Македонија – ова се деталите

t

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.

Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.

Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.

ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пријавени поплави по обилните врнежи низ…

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина…

Денес во Кочани започна со работа регионалниот…

Министерот Азир Алиу, го посети центарот каде…

Нема веќе вработувања и специјализации по желба…

Проблемот од недостигот на доктори и на…

Мицкоски повторно во кавга со правосудството –…

Повод за, условно кажано, судирот меѓу владејачката…

Исчезна девојка од пробиштипско Злетово, последен пат…

Исчезната девојка од пробиштипското село Злетово. Таа…