(Видео) Рубио воодушевен од таванот во салата за состаноци во Пекинг, неговата реакција е хит на социјалните мрежи
Пред состанокот меѓу претседателите на САД и Кина, американскиот државен секретар Марко Рубио со восхит го гледаше таванот во салата за состаноци во Големата народна сала во Пекинг, објави АПТ њуз. Видеото од тој момент предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, е прикажан Рубио како гледа нагоре, покажувајќи со прст кон таванот додека разговара со министерот за одбрана Пит Хегсет. Корисниците со ентузијазам ја коментираа неговата реакција, додека некои ја истакнаа иронијата што Рубио технички е под кинески санкции.
Многумина на шега се прашуваа што можеби Рубио му рекол на Хегсет.
„Погледнете ги тие светла – треба да ги замениме нашите кога ќе се вратиме“, напиша еден корисник на Веибо (Weibo). Друг пост на X пак со мала иронија гласеше: „Ајде да ја преработиме Белата куќа вака кога ќе се вратиме“.
Големата народна сала, изградена во 1950-тите, била дизајнирана со исклучителна грижа и мајсторство. Зградата е позната по своите огромни кристални лустери опкружени со позлатени гипсени скулптури во традиционален кинески стил и шарен касетиран таван. Целата сала зрачи со злато и раскош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Рубио воодушевен од таванот во салата…
Пред состанокот меѓу претседателите на САД и…
Мадуро затворската ќелија во САД ја дели…
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој…
(Видео) Трамп пристигна во Кина
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Иран постави пет услови за да влезе…
Иран нема да влезе во втората рунда…
Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата…