(Видео) Руската дума едногласно ја призна независноста на Доњетск и Луганск: Се признаваат границите од референдумот 2014-та, дел од територијата се уште е под украинска контрола
Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош меѓу Руската Федерација и Народните Републики Доњетск и Луганс е едногласно ратификуван од Државната Дума на Русија.
Гласаа за – 399 пратеници
Против – 0 пратеници
Воздржани – 0 пратеници
Договорот стапува во сила веднаш.
Шефот на Комитетот на Државната дума за надоврешни прашања Леонид Калашников во вторникот рече дека верува оти Русија ќе ги признае народните републики Доњецк и Луганск како независни држави во границите што тие ги поставија на референдумот за прогласување на нивната независност во 2014 година.
„Овој договор не прецизира, но мислам дека се мисли на суверенитет што беше потврден со стариот и единствен референдум, кој се одржа во различни граници во споредба со она што го има републиките сега“, им рече тој на новинарите. „ДПР и ЛПР сега окупираат помала територија во споредба со она што ја имаа во времето на референдумот, но тие веруваат дека нивниот суверенитет се протега и на таа територија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постапка против 10 лица за кривични дела…
По спроведена претходна постапка и врз основа…
Итно е опериран израелскиот премиер Нетанјаху!
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска бил подложен…
„Кртот“ околу истрагата за Државна лотарија не…
Кртот кој им помага на осомничени да…
На хрватските избори во Македонија досега гласале…
До 11:30 часот во странство гласале 5.101…
Избегната трагедија во Канада: Се запали авион…
Авион на компанијата „PAL Airlines“, на летот…