Објавено на:

(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта, откорнати дрвја и покриви

t

Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб, а сè уште дуваа и утрово. Како што пишува хрватски Индекс, откорнати се дрвја, паднати се и покриви низ загрепските населби, а училиштата се затворени.

Силни ветрови дуваат и по должината на брегот, а ограничувања се воведени за одредени групи возила. Поради снегот и зимските услови за возење во Горски Котар и Лика, ограничувања се воведени за камиони со приколки и влекачи со полуприколки.

Највисокото, црвено временско предупредување е во сила во регионите на Загреб, Риека и Госпиќ и во Велебитскиот канал, додека портокалово-жолто временско предупредување е во сила во сите други региони поради опасни временски услови, првенствено поради силни ветрови и обилни врнежи од дожд.

За денеска хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) најавува претежно облачно и многу ветровито време, со локално обилни врнежи од дожд и снег во внатрешноста. Врнежи од снег се најавуваат на повисоките делови, а во Далмација се можни врнежи од дожд со грмотевици.

Од ДХМЗ велат дека ќе дуваат умерени до силни, а локално и урагански ветрови од север и североисток и поради тоа е издадено црвено предупредување за регионите на Загреб и Риека.

Силен до бурен северен ветер ќе дува на поголемиот дел од Јадранското Море.

Според пишувањата на хрватските медиуми, во текот на ноќта и утринава во Загреб дува силен ветер и има паднати дрвја, оштетувања на покривите и расфрлани ќерамиди, гранки и делови од огради на патиштата, додека некои семафори се нефункционални или навалени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта,…

Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб,…

Големо невреме во Хрватска – Oткорнати се…

Силно невреме ја зафати Хрватска. Силниот ветер…

Хрватска дозволи американски нуклеарен брод да влезе…

Хрватската влада на денешната седница донесе одлука…

Снежен хаос во Хрватска: Затрупани автопати и…

Силен снежен бран и интензивни ветрови ја…

Милановиќ по средбата со Давкова: Има живот…

Европската Унија е надградба, добредојдена е додека…