(Видео) Ситуацијата во Донбас се влошува, украинските сили истрeлале околу 700 грaнати
Ситуацијата во Донбас не се смирува веќе трет ден. Гранатирањето на украинската армија предизвика големи штети на цивилната инфраструктура на Доњецката и Луганската народна република, поради што овие самопрогласени републики на 18 февруари најавија евакуација на населението во Русија и прогласија општа мобилизација.
Ситуацијата во Донбас се влошува, украинските сили само денес истрелаа околу 700 гранати на територијата на самопрогласената ДНР, изјави претставникот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин.
На територијата на републиката беа испукани повеќе од 450 гранати од 122 милиметри и мини од 120 и 82 милиметри“, изјави Басурин за телевизијата „Русија 1“.
„Во овој момент ситуацијата само се влошува од минатиот ден“, рече Басурин.
Украинскиот министер за одбрана изјави дека Русија нема да напаѓа во наредните денови, бидејќи, засега во ниту еден град нема руски војници
„Денес, според ситуацијата од овој момен, не е формирана руска ударна група во ниту еден град. Затоа, несоодветно е да се каже дека нападот ќе биде утре или задутре. Но, тоа не значи дека ризиците се мали и не значи дека нема закани. Сакам да ги потсетам нашите партнери дека заканата постои од 2013 година“, изјави министерот за телевизија „1+1“.
Тој додаде дека украинската армија е подготвена да се спротивстави и да ги пречека руските војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…