(Видео) Славеничка атмосфера во ВЛЕН, Меџити прогласи победа во Чаир

t

Членови и симпатизери на коалицијата ВЛЕН веќе слават победа во Општина Чаир. Преполно е во седиштето на ВЛЕН што се наоѓа веднаш до плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија.

Насобрани има и на самиот плоштад „Скендербег“.

По улиците се слушаат свирежи од возила.

Погледнете ги видеата од седиштето на ВЛЕН и од атмосферата на плоштадот „Скендербег“.

Прес-конференција одржа и Изет Меџити, кандидатот за градоначалник за Општина Чаир од ВЛЕН, на која ги честита победата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Пласница, како и пензионирањето на лидерот Али Ахмети.

На прес-конференцијата одржана по 19 часот, по затворањето на гласачките места, портпаролот на Централниот штаб на ВЛЕН, Дритон Сулејмани, рече дека процесот на гласање за локалните избори се одвивал мирно и уредно во сите општини на земјата. Изборниот ден помина без поголеми неправилности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Славеничка атмосфера во ВЛЕН, Меџити прогласи…

Членови и симпатизери на коалицијата ВЛЕН веќе…

Јакимовски: Со Лукровски сме речиси пата-пата, во…

Кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за…

Мисајловски соопшти дел од резултатите: Еве во…

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа,…

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во…

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна…

Сашко Митовски од СДСМ прогласи победа во…

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од…