Објавено на:

(Видео) Снег за Нова година во Египет

t

Наставата во училиштата е откажана во шест провинции на Египет заради лошите временски услови, поради што тамошните власти прогласија вонредна состојба, пренесува во саботата информативниот портал Al Youm As Sabi наведуваји го предупредувањето на метеоролозите дека атмосферскиот фронт предизвикува поројни дождови, појава на густи магли во поголемиот дел од земјата, како и град и снег во некои региони.

Наставата во училиштата е откажана од недела, која ќе биде првиот работен ден по официјалното празнување на влегувањето во новата година. Безбедносните мерки во врска со метеоролошката ситуација се зајакнати во цел Египет.

Според министерството за здравство и население, три лица загинале како последици на несреќи предизвикани од лошите временски услови. Според портпаролот на министерството, Хусам Абдел Гафар, маж загинал во провинцијата Кафр ал-Шеик од струен удар, допирајќи влажни проводници на електрична енергија. Уште едне маж бил жртва во сообраќајна несреќа за која причина била влажниот и лизгав коловоз. По поројните врнежи во крајбрежната метропола Александрија се урнала двокатна куќа, а од под урнатините е извлечено безживотно тело на една жртва.

Во меѓувреме во саботата познатото одморалиште Хургада на Црвеното Море било погодено од град, а зелените тревници и палми прекриени со снег. Според медиумите, локалните жители кои не се навикнати на вакви временски феномени, биле силно изненадени од градот со големина на зрно грашок.

Снегот и дождот помешани со град им предизвикале бројни проблеми на хотелскиот персонал и на туристите кои морале да бидат максимално претпазливи на улиците и во хотелските простори каде што мермерните и камените подови веднаш се претвориле во опасни лизгалишта. Странските туристи кои допатувале да уживаат во топлите сончеви зраци вообичаени за овој дел од годината во Хургада, очигледно не биле подготвени и опремени за неочекуваното заладување, пренесуваат медиумите.

Според египетската метеоролошка агенција, провинцијата на брегот на Црвеното Море е на удар на силен атмосферски фронт, со обилни врнежи од дожд регистрирани во повеќето градови.

Уште еден туристички регион во земјата, Синајскиот полуостров, исто така, е на удар на студениот бран, а на повисоките делови од Синај се очекуваат и снежни врнежи. Со поројни есенски дождови Новата година ја дочекаа и жителите на египетската престолнина Каиро, кои не паметат ваков прв ден од јануари. Лошите временски услови во Египет се очекуваат до почетокот на следната седмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КОВАЧЕВСКИ: Чекориме по патот кон ЕУ ама…

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во…

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај…

Студија објавена завчера на Светскиот ден против…

За Русија ограничувањето на цената на нафтата…

Русија порача дека и понатаму ќе наоѓа…

Претрес во домот на 73-годишен кавадарчанец: Пронајдени…

Кавадарчанецот е задржан во полициска станица, а…

Таравари: Ќе поддржиме уставни измени и како…

В.Д. претседателот на Алијансата за Албанците (АА)…