(Видео) Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, јавно му оддаде признание на младиот тракторист Аце, односно Александар Чепиговски од селото Ивањевци, за неговиот придонес во справувањето со пожарот со село Лознани.
Ангелов посебно ја истакна храброста и вештината на младиот тракторист, кој со својот трактор се вклучил во борбата со огнената стихија, изложувајќи се на голем ризик.
„Посебно сакам да го истакнам и да му се заблагодарам на младиот тракторист Аце – Александар Чепиговски од с. Ивањевци, кој покажа извонредна вештина во управувањето со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик, орајќи директно низ линијата на огнот, со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места“, истакна Ангелов.
Според Ангелов, токму интервенцијата на Чепиговски помогнала ширењето на пожарот да биде запрено на повеќе места.
Со својата храброст и брза реакција, младиот тракторист дал значаен придонес во напорите на терен за ставање на огнот под контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Со огромен трактор влезе во огнот:…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
(Видео) Директорка на основно училиште во Прилеп…
Директорката на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп…
Роботакси доаѓа во Европа: Американскиот Uber и…
Американската компанија Uber и кинескиот Pony.ai денес…
Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и…
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите…
Делови од мотор го скршиле стаклото на…
Делови од авионски мотор што најверојатно се…