(Видео) Спас во ПИОМ ќе бараат 80 % од осигурениците во вториот столб – ќе немаат ни минимална пензија предупредува Славески
Пензионерите што во наредните години ќе почнат да се пензионираат преку вториот пензиски столб би можеле да се соочат со непријатно изненадување – нивните пензии да бидат толку ниски што ќе мора да се префрлаат во државниот пензиски фонд. На ова предупредува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повикувајќи се на анализи и актуарски проекции што ги изнел во интервју за емисијата „Трилинг“ во 2024 година, кое тој го сподели на својот Икс профил.
Според Славески, проблемот не е нов и корените ги има уште во воведувањето на вториот пензиски столб на почетокот од овој век.
„Во 2000 година, под притисок на Светската банка, воведовме втор пензиски столб и беше предвидено дека десет години ќе има транзициски дефицит. Но, тоа беше голема заблуда. Според некои истражувања, тој дефицит кај нас може да трае и половина век“, вели Славески.
Тој објаснува дека со формирањето на приватните пензиски фондови, една третина од придонесите што претходно завршувале во ПИОМ биле пренасочени кон приватните друштва, што создало траен притисок врз државниот пензиски систем.
„Главната причина е тоа што му се одземаа средства на државниот пензиски фонд. Вториот пензиски столб се формираше така што една третина од средствата што се уплаќаа во ПИОМ отидоа во приватните пензиски друштва“, посочува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Спас во ПИОМ ќе бараат 80…
Пензионерите што во наредните години ќе почнат…
САД повторно го нападнаа Иран
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека…
САД се најголем добавувач на сурова нафта…
Вредноста на увозот на сурова нафта во…
Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски…
Министерството за внатрешни работи информира дека е…
Меѓу загинатите во Венецуела има и странци:…
Разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во…