(Видео) ССМ за Инфомакс: Предлогот на работодавачите е несереиозен

t

Синдикалците го победија студот и излегоа на предупредувачки штрајк, побараа повисоки плати и скалесто покачување.

Во изјава за Инфомакс, претседателот на сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски го прашавме за конкретните барања на синдикатите и каде заглавија преговорите, односно што беше камен на сопнување.

Тој вели дека камен на сопнување се работодавачите: – „Излегоа со паушална методологија, да се земе во предвид покачувањетон на просечната плата и тоа го направија после три саати преговори, во кои сојузот на синдикати докажавме дека она што го бараме е исправно, врз основа на анализи, факти, потрошувачки кошници и економијата која гледаме дека ни е пред колапс.“

„Од кога видоа дека ја убедуваме Владата и дека треба да се стави таа точка на гласање, во истиот момент излегоа со еден несериозен предлог, кои покажува дека доколку се зголеми минималната плата, таа ќе изнесува 16.164 денари, а знаеме дека минималната потрошувачка кошничка е 35.040 денари. Тоа ни кажува дека и две минимални плати да има во едно семејство, минималната потрошувачка не може да се покрие и фалат уште 2720 денари.

Од Инфомакс го прашавме претседателот на ССМ за тоа кои се очекувањата од преговорите кои треба да продолжат во 16:00 часот и дали синдикатите очекуваат позитивен исход, на што Димовски ни одговори: „Бидејќи сме сериозни организации, водиме преговори и со владата, треба таму да победат аргументите и потрбите на работникот. Гледаме дека се зголемени цената на парното, на енергенсите, електричната енергија, се зголемија сите цени по продавниците, а ние со оваа плата која ја зимаме не можеме да преживееме во тековниот месец, нити па можеме да ги платиме сметиките кои ќе стигнат.“ – Истакна тој.

По 04:15 минута може да ја погледнете видео изјавата на претседателот Димовски на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…

Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…

Зијан одмор: Повторно оштетени македонски возила во…

Шест македонски возила изгребени со остар предмет…

Ванковска: Колку пати ќе умираме, кој си…

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на Фејсбук прашува…

(Видео) КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Организаторот ја скрати…

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на…

Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се…

Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа…