(Видео) Јакимовски за Фрчкоски: Ако ти го дигнат во воздух Претседателот додека си министер доволно кажува за твојата способност

t

Нов гостин во Тешки муабети оваа сезона од вечерва градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, кој заедно со Александар Митовски е ководител на емисијата што се емитува во среда во 21 часот.

Тешките Муабети започнаа со коментар на победата на Јакимовски, за која професорот Фрчкоски кажа дека е поради делење на решенија во администрацијата.


„Фрчко вика дека си делел 300 решенија и така си победил, ама ако ви каже да пишете утакмица за спортска не верувајте. Никој не презема одговорност за атентатот. Фрчкоски тепа жени по паркинзи, по тоа не сте слични“, – истакна Александар Митовски.

Јакимовски посочи дека доколку Фрчковски имал рецепт за победа, требало да ја искористи, но со оглед на неговата способност за превидување, и не треба баш да му се верува.

„Фрчко ако го имал рецептот за победа требало да им го каже на неговите од СДСМ па да победат, тој е често така бајковит ама предвидувањата му се за 180 степени обратни. Рече дека универзитетот во Тетово е мртвороденче ама довивме близнаци и Штулов и Тетовски. И ако бидеш министер за внатрешни и ти го рокнат претседателот, ти го дигнат во воздух, на еден прекрасен човек како Киро Глигоров, кога него посегнаа да го убијат веројатно немале толку причина, веројатно биле егзибиционисти но знаеле дека има слабо поставени служби за кои Грчкоски бил најодговорен. Тој тепаше и деца, можеа децата да го исплескаат ама имаа респект кон него како професор.” – коментира Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…