Објавено на:

(Видео) Трамп не застанува, овој пат пржи помфрит во Мекдоналдс!

t

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пржеше и послужуваше помфрит во Мекдоналдс во Пенсилванија, а потоа одржи и импровизирана прес-конференција, одговарајќи на прашања од новинарите низ прозорецот за послужување.

Претходно, вработен му покажа на Трамп како се потопуваат корпите со помфрит во масло, а потоа на ред дојде поранешниот претседател на САД, кој после тоа спакува и храна за носење.

Всушност, потребна е голема експертиза за да се направи тоа правилно и брзо“, рече Трамп со насмевка.

Трамп го прави тоа и како начин да ја исмева и критикува Камала Харис, која за време на кампањата тврдеше дека работела во Мекдоналдс за време на студиите.

Тој без докази тврди дека тоа не е точно. Харис не кажа во кој конкретен ресторан или за која година работела во Мекдоналдс.

Трамп е долгогодишен љубител на брзата храна и неговиот персонал често зема храна од синџирот и ја служи во неговиот авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…