(Видео) Трендафилов најави блокади: Пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме

t

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов порача дека имало голем број обид за минирање на протестот на синдикалците и тврди дека е „жалосно што петтоколонашите излегоа од редовите на синдикатите“. Според него, КСС преку медиумите излезе со став дека нема потреба од радикални чекори бидејќи платите се зголемиле за 20%.

На денешната прес-конференција, меѓу другото, Трендафилов рече дека не може да се изначуди на обвинувањата од власта дека „ССМ бил виновен затоа што работниците во 2028 година нема да добијат 600 евра минималец“.

„Ние протестираме за 600 евра минимална плата сега, не во 2028. Вратете се во иднината, другари, дојдете во реалноста“, рече првиот синдикалец во државата.

Трендафилов за следната недела најави блокади, а, како што рече, пратениците во Собранието ќе бидат првите кои што ќе ги блокираме затоа што го чуваат законот во фиока и не сакаат да ги зголемат платите.

-Веројатноста е наредната недела ќе одат со автобус и пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги чекаме да ги поздравиме и да ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат. Тоа ќе биде следниот чекор, а за информациите ќе објавиме во понеделник. Дента нема да можат да наплатат патни трошоци. Ќе ги удриме по џебот, истакна претседателот на ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трендафилов најави блокади: Пратениците во Собранието…

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов порача…

Славески: Барањата на ССМ за зголемување на…

„ССМ организира протест со барање минималната плата…

Пешевски „призна“ дека протестот е политички: Политика…

Објава на Фејсбук на Иван Пешевски: Премиере,…

(Фото+видео) Река од народ се движи кон…

Река од народ се движи кон Владата.…

(Во живо) Трендафилов: Ќе поднесеме закон, да…

ССМ ќе поднесе Закон да се намалат…