(Видео) Турска пратеничка му бакна рака на Ердоган и доби 200 лири

t

Видеото од настанот во Адана на кое се гледа како пратеничка на владејачката партија АКП во Турција не само што му ја бакнува раката на претседателот Реџеп Таип Ердоган, туку од него добива и банкнота од 200 лири, предизвика остри реакции во јавноста.

Протагонист е пратеничката Седа Сарибаш која беше присутна на настан за пуштање во употреба на автопат.

Турските медиуми зборуваат за „џепарлак“ од претседателот Ердоган на неговата пратеничка, која била на настанот со своето дете, а Ердоган е навикнат да дава пари на децата на настани.

Овие слики, а особено ракувањето предизвикаа реакции кај опозицијата во Турција, а нејзините претставници тврдат дека пратениците на АКП „не функционираат независно, а со тоа му служат на режимот“.

Седа Сарибаш ја претставуваше Турција на изборот за Мис на светот во Кина во 2005 година. 41-годишната Сарибаш потекнува од Адана, иако е родена во Истанбул.

Нејзината мајка беше членка на Партијата на правдата и развојот (АКП), додека нејзиниот сопруг, бизнисменот Седа Сарибаш, со кого се омажи во 2006 година, исто така е член на истата партија.

Во 2015 година, сега 41-годишната пратеничка беше потпретседател на женската секција на АКП во Адана, додека од 2016 до 2018 година беше претседателка на истата секција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Турска пратеничка му бакна рака на…

Видеото од настанот во Адана на кое…

Зголемен бројот на жртви во пожарите во…

Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале…

Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална…

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во…

Радев денеска ќе го предаде мандатот за…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе го…

Доаѓа голем празник: Ноќта пред Водици е…

На деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници…