(Видео) Украинската армија пристигна во Чернобил: Илјадници војници на неколку километри од белоруската граница
Областа е ненаселена од нуклеарната несреќа во 1986 година.
Илјадници украински војници се во Припјат, град во срцето на Чернобил, каде што никој не живеел од 1986 година.
Причината за нивното акумулирање на локацијата, која стана позната по најтешката нуклеарна несреќа во светот, е обуката во урбани услови. Украинската војска го користи Чернобил за да се подготви за уште една потенцијална катаклизма – можна војна со Русија, пишува CNN.
ВИДЕО ОД ВЕЖБИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Рускиот претседател Владимир Путин постојано ги негираше плановите на Кремљ за инвазија на Украина. Но, Москва со месеци собира огромни количини војници и муниција на украинско-белоруската граница под изговор за заеднички вежби со Минск. Сепак, според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, распоредувањето на руски војници во Белорусија е најголемо од Студената војна. А овие војници се оддалечени само два часа со автомобил од Киев, јавува Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…