(Видео) Успешно лансиран најмоќниот вселенски телескоп – еве која ќе биде неговата намена

t

Најголемиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ денеска беше лансиран. Вселенскиот телескоп на НАСА вреден 10 милијарди долари е лансиран на ракетата Ариан-5 во 13:20 часот по средноевропско време.

За неговото дизајнирање и изработка потребни биле 30 години, а се смета за еден од најголемите научни потфати на 21 век.

Телескопот тежок 6.350 килограми беше изваден од ракетата по лет од 26 минути. Во наредниот месец ќе се движи до својата соларна орбита одалечена околу 1,6 милиони километри од Земјата.

Мисијата на „Џејмс Веб“ е да ги дополни откритијата на вселенскиот телескоп Хабл, на кој по 31 година во орбитата му се ближи крајот.

„Џејмс Веб“ ќе може да види подлабоко во космосот. Целта е да се видат и некои од првите ѕвезди и галаксијата кои се формирале.

Телескопот ќе може да ја испита атмосферата и на одалечените планети за да се види дали има гасови кои може да водат кон присуство на живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на кинеската дипломатија во посета на…

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји…

Расте бројот на милионери во светот

Во својот последен годишен извештај, швајцарската банка УБС открива…

“Жените немаат вредност ако го откријат лицето…

Портпаролот на талибанското Министерство за ширење доблест…

(Фото) НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА : Телескоп сними како…

Сликите направени од телескопот „Џејмс Веб“ ги…

ПОРАЗИТЕЛНО: Околу 735 милиони луѓе се соочиле…

Околу 735 милиони луѓе ширум светот се…