(Видео) Филипче: Комуникација и поправање на грешките ќе ја врати довербата во партијата

t

Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче, продолжува со теренската кампања за изборите за претседател на партијата.

– Зошто се нафаќам на оваа работа? Затоа што верувам дека треба да се поправиме и да се коригираме. Јас искрено верувам дека СДСМ има победнички капацитет. Ако покажеме уште на почетокот дека сме ги научиле лекциите од тоа што било порано, луѓето постепено ќе ја враќаат довербата. Враќањето на довербата не е брз процес ама првиот чекор е тоа. Да се покаже и докаже дека има некаква промена. Јас менаџирав комплексен систем за време на криза и знам како се постави хиерархија со цел да се одговори на потребите и на барањата на огромен број на луѓе ширум државата.

Тоа практично бара и командна поставеност, нема друга. Сметам дека луѓето се повеќе разочарани во личните комуникации и односи отколку во делот на идеологијата и тоа е причината зошто верувам дека со надградбата на тој систем на комуникација можат да се вратат луѓето и единството и вербата во партијата како институција и во нејзините политики, вели Филипче.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна…

Според информациите до кои дојде СДСМ, Мицкоски…

СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под…

Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен…

ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт…