Објавено на:

(Видео) Французите се истепаа за клима уреди

t

Продолжениот топлотен бран во Франција предизвика хаотични сцени во продавниците низ целата земја, при што купувачите се тркаат по клима уреди со попуст, што во некои случаи се претвори во тепачки и повреди, јавува агенцијата Анадолија.

Најдраматичниот настан се случи во четврток на отворањето на новата продавница со попусти „Акшн“ во деловниот кварт „Ла Дефенз“ во Париз. Стотици клиенти се собраа пред вратите дури и пред отворањето, надевајќи се дека ќе купат клима уред „Кинзо“ по цена од 179 евра.

Според извештаите на локалните медиуми и видеата објавени на социјалните мрежи, некои купувачи насилно влегле во продавницата штом се отвориле вратите и се упатиле кон делот за климатизација. Во турканицата што следела, неколку лица биле повредени додека други купувачи ги туркале или удирале во тепачка за апаратите.

Слични сцени се забележани и во други делови од Франција. Во градот Шамбре-ле-Тур во централна Франција, купувачите беа снимени како се туркаат и фаќаат клима уреди и вентилатори додека продавниците се отвораа. Слични инциденти беа пријавени и од Конкарно во Бретања и Анже на западот од земјата.

Продажбата на уреди за ладење се зголеми повеќекратно

Трката за опрема за ладење доаѓа во време кога Франција се справува со екстремен топлотен бран, со температури во некои региони кои надминуваат 40 степени Целзиусови, ставајќи ги болниците и службите за итни случаи под огромен притисок.

Александар Бомпард, извршен директор на синџирот супермаркети „Карфур“, изјави дека неговата компанија продала најмалку 30.000 вентилатори и клима уреди само за еден ден оваа недела, што е околу илјада пати повеќе од продажбата во еден типичен ден.

И онлајн трговецот на мало „Амазон“ објави дека продажбата на уреди за ладење речиси се дуплирала минатата недела во споредба со истиот период минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Французите се истепаа за клима уреди

Продолжениот топлотен бран во Франција предизвика хаотични…

Пожар на грчкиот остров Евија

Пожар избувна попладнево во шумска област во…

Вучиќ на митинг во Белград: Ова ми…

На денешниот митинг на Српската напредна партија,…

Скопјанец повреден од струен удар во Дојран,…

МВР информира дека синоќа во 22:30 часот…

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на…

На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР…