(Видео) Царината спречи обид за нелегален пренос на девизи: Грк пријавил 60.000 евра, а носел над 124.000 евра
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин, информираа утрово од Царинската управа.
Од таму посочуваат дека девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.
„Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на FRONTEX извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени“, наведуваат од Царина.
Додаваат дека годинава биле откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети биле вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Царината спречи обид за нелегален пренос…
Царински службеници на влез на граничниот премин…
(Видео) Пожарот на Крит во Грција е…
Пожарите трет ден се уште се активни…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Човек во Германија се бори за живот:…
Маж од Германија завршил со тешки повреди…
Италија бара суспендирање на Шенген со Шпанија…
Италијанскиот министер за надворешни работи повика на…