(Видео) Цеца го развиори знамето од Кутлеш среде концерт во Врање: Еве ја причината
Со знаме на Кутлеш, српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ во Врање на нејзин концерт се појави на сцената.
Цеца одржа спектакуларен концерт во овој град, каде имаше поддршка од македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски.
Концертот во еден момент бил прекинат, откако пејачката забележала девојка во публика која го веела знамето. Го позајмила и на сцената го развиори.
Инаку станува збор за Македонка која живеела во Америка и која била редовна гостинка на концертите на Цеца.
– Песната и ја посветувам на девојката во публика, која со свои другарки ме следи насекаде низ светот, каде и да одам. Не знам досега колку ја чини ова, но тоа е љубов! Бакнеж од мене до посебната девојка и нејзините другарки, порачала Ражнатовиќ од сцената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…