(Видео) Чеченските специјални сили во Украина се испратени со „шпил од карти“: Веќе се во украинските шуми, во шпилот се наоѓа листа за ликвидација на украински „нацисти“
Одредot „ловци“ на чеченските специјални сили е веќе во Украина за да приведе или убие група конкретни украински функционери.
На секој војник, наводно, му била дадена посебен „шпил со карти“ со фотографии и описи на украинските официјални лица, објави московскиот телеграм канал со линкови до безбедносните установи.
Списокот е на функционери и безбедносни службеници осомничени за „злосторства“ од страна на Рускиот истражен комитет, се додава во извештајот.
Претседателот на Украина призна дека е „мета број еден“ за руските убијци во неговиот главен град, додека неговото семејство е „цел број два“ за убијците на Путин.
Се смета дека чеченскиот одред е во украинска шума и наводно добил „наредба да се убијат“ доколку лицата на листата на барани лица не можат да бидат приведени.
Постојат шпекулации дека на листата за ливквидација на Москва се оние кои ги идентификувале како „нацисти“.
Путин претходно рече дека клучна цел на инвазијата на Украина е да се „денацифицира“ земјата.
Државната телевизија во Чеченија објави дека Рамзан Кадиров (45), лидер на републиката и близок сојузник на Путин, ги посетил неговите сили во Украина.
Се верува дека Чеченците се од јужниот баталјон на Федералната гарда, со седиште во Чеченија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…