(Видео) Шведска министерка пред средбите со македонските политичари, прво ја проба скопската симит погача – еве што кажа за неа!
Шведската министерка за Европa, Џесика Росенкранц, за време на нејзината официјална посета на Македонија, ја искористи приликата да вкуси нешто од традиционалното мени што може да го понуди Скопје, каде го започна денот со добро познат локален специјалитет пред работните средби со македонските владини претставници.
На фејсбук-страницата на шведската амбасада беше објавено дека министерката уживала во „симит погача“, која шеговито ја опишаа како „солено лепче во лепче“, еден од типичните скопски пекарски производи.
реклама
„Каде најдобро да се вкуси овој оброк, ако не во срцето на главниот град – со поглед кон Камениот Мост, тврдината Кале, Старата Чаршија, црквата Свети Димитрија, Мустафа Пашина џамија и Даут Пашин Амам. Сè во една слика што совршено ја прикажува богатата скопска мултикултурна традиција и живото општество во Северна Македонија“, напишаа од амбасадата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Шведска министерка пред средбите со македонските…
Шведската министерка за Европa, Џесика Росенкранц, за…
Сибиха: Светот расправа за мировен план, а…
Две лица загинаа, а 20-тина се ранети…
ФЕНИ е во целосен застој, работниците се…
Загрижувачки се информациите дека печката за производство…
Киев под најтешок напад во изминативе месеци:…
Русија во текот на целата ноќ жестоко…
Драстични мерки по убиството на гардистка: стопирани…
Американската Служба за државјанство и имиграција (USCIS)…