(Видео) Шест лица приведени за пукање на семејна веселба во гостиварско
Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и муниција, следуваат пријави
Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција.
Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е пронајден и одземен еден гасен пиштол. Во исто време е извршен претрес и кај И.Б.(25) од с.Добридол.
Во 18:15 часот е извршен претрес во домот на Б.А. во с. Добридол, при што се пронајдени 30 куршуми за гасен пиштол, додека во дворот се пронајдени 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Од слобода се лишени Б.А. (46) и неговиот син М.А. (21) од с.Добридол.
Потоа, во 18:25 часот извршен е претрес кај Т.М.(26) од с.Добридол, при што се пронајдени и одземени еден пиштол со осум куршуми, една ловна пушка со седум куршуми и еден гасен пиштол, по што тој е лишен од слобода, а С.М. е повикан на службен разговор.
Сите лица се приведени во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Шест лица приведени за пукање на…
Шест лица приведени, едно повикано на службен…
Црвен аларм во Италија: Речиси целата земја…
Италијанското Министерство за здравство издаде црвен метеоаларм…
Во вторник итен состанок на ЕУ за…
Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе…
До крајот на 2027 година Србите ќе…
Првиот потпретседател на Владата на Србија и…
Сервисираниот ер трактор повторно ставен во функција…
Сервисот на третиот ер трактор, кој беше…