(Видео) Ѓорѓиевски започна градежна офанзива во Кисела Вода: На пролет ќе се започне со реализација на 70% од предизборната програма

t

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, утрово беше гостин во утринската емисија на Македонската Радио Телевизија.

Во гостувањето Ѓорѓиевски се задржа поделатно на меѓународниот конкурс за уредување на населабата Расадник, но и за градежната офанзива која како што вели тој ќе отпочне оваа пролет и ќе значи почеток на реализација на околу 70% од неговата предизборна програма.

Го пренесуваме Фејсбук статусот на Ѓорѓиевски во целост:

“Утрово се вклучив во живо во емисијата ,,Македонија наутро” на МТВ, токму од местото каде многу наскоро ќе никне нова монтажна гаража за над 100 возила.

Разговаравме за сето она што следува оваа пролет, градежната офанзива со која се отпочнува речиси 70% од проектите на програмата која ја ветив пред моите сограѓани.

 Во фокусот на овој разговор беше оформеното Партиципативното тело од жители и стручњаци за идејно решение за ДУП – Расадник, поддршката за распишување на Меѓународен конкурс пристигнува од целокупната стручна јавност, а каде сугестии даваат и граѓаните за кои нацрт верзијата е јавно објавена.

До каде е процедурата, кој сѐ ќе биде вклучен во идејниот лик на Расадник, што сѐ нѐ очекува во иднина итн.

Работиме посветено за граѓаните, преродбата на Кисела Вода и уредувањето во модерна општина за живеење се движи силно напред.” – стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Погледнете го видеото од гостувањето на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=657021038960902&extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…