(Видео) Ѓорѓиевски на увид во расчистувањето на снегот: Проодни се речиси сите улици во Кисела Вода, утре ќе се исчистат и тротоарите

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва изврши увид во работата на службите кои ги расчистуваа улиците во општината. На терен вечерва беше целиот кризен штаб, како и вработените во општината, кои исто така работат на расчистување на улиците.
„Во моментов, речиси сите улици во Кисела Вода се проодни, а возилата за расчистување работат на тоа да се дорасчисти теренот во Кисела Вода. Исто така, сакам да напоменам, и да замолам за трпение затоа што од раните утрински часови ќе се организираме со нашите служби и сезонските работници за расчистување и на тротоарите на цела општина Кисела Вода и на тој начин комплетни излегуваме во пресрет на временските услови, односно не оставаме простор или прилика, како што се случувало за жал во минатото, да има непроодни улици, непроодни тротоари и така натаму. Сериозно си ја сфатија работата и фирмата и Кризниот штаб“, изјави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски изрази благодарност до вработените во општината кои вечерва се на терен и во служба на граѓаните.
„Сакам да се заблагодарам и до сите вработени во општината, кои и покрај тоа што е доцна нвечер, се излезени на терен и се во служба на граѓаните, што е и наша цел и задоволство“, изјави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Митовски на лице место направи проверка…
Директорот на ЈП Водовод и канализација –…
Чекај нè Европо: Тетово без најава остана…
Цело Тетово 6 часа немаше вода за…
Делови од Карпош утре без вода
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре…
Делови од Центар и Карпош утре ќе…
Дел од корисниците лоцирани на потегот од…
(Фото) Брука, што пијат македонските полицајци? Паковка…
Полициските службеници добија паковка од "Нескафе" во…