(Видео) Јакимовски: Функционери треба дебело да одговараат за енергетската криза – Западот да нема двојни аршини за Македонија

Во Тешки муабети се зборуваше и за актуелната тема поврзана со украинската криза. Тројцата водители се согласија дека евентуалната војна ќе биде кобна за цела Европа. Цела Европа е засегната од потенцијалната војна. 29% од житото во Европа е од Украина, 80% од маслото, тоа ќе биде криза за цела Европа, ќе има верижна реакција.
Јакимовски истакна дека ситуацијата ни во Украина ни во Македонија не е розова.
“Мислам дека воопшто не и е розева ситуацијата на Украина и вооружувањето на целиот западен свет не е доволен за да се справи со Русија со сила. Инвазија нема да има ама воздушните напади што продолжуваат се опасни. Путин вика дека се исти народ со Украина и Западот не го прифаќа тоа, ама овде за нас викаат дека сме ист народ со Бугарија и Западот молчи за тоа, вели треба да се договориме.
Србија е сериозна држава која била во три војни и победила и има сериозен претседател кој знае како да постапи, а ние кога сме војувале? Во 2001 се пукавме со УЧК и не знаеме како да очекуваме опасност од оваа работа. Ние треба резервите на нафта, шеќер, зејтин, брашно, лекови и слично да ги обезбедиме. Допрва не чека криза, земјоделците нема да ставаат скапи ѓубрива и родот ќе биде послаб, ќе го напаѓаат паразити, цените ќе мора да одат нагоре.
Навреме не набавивме јаглен и ни поскапе електричната енергија, навреме не набавивме пестициди да земјоделството, морам да заклучам дека отсуствува стратегија. Видни државни функционери направија стратешки грешки, никој не провери дали ова што се случува било спроведено во стратегијата, за ова треба некој дебело да одговара!- рече Јакимовски.
Милош Милошевски се надоврза за снабдувањето на Србија со клучни продукти:
“Украина побара од НАТО да го штити небото над Украина од руско бомбардирање, очигледно најголемиот страв доаѓа од воздухопловството. Вучиќ ја снабдува Србија со брашно, сол, масло и слично.” – вели Милош.
Митовски додаде дека Македонија нема стабилни државни резерви во моемнтов:
“Ние лани го шитнавме житото од државните резерви во Косово, а за возврат Косово ни даваше заштитни маски. Имено, се очекуваат немири и на Балкнот, не знамд али ние не стануваме легитимна мета, Лавров кажа дека Македонија е на линја на огнот меѓу две супер сили. Не знам зошто кога имавме шанса одбивме да бидеме дел од Јужен тек, а сега има најави еден тон гас да чини 2000 евра.”- вели Митовски.