(Видео) Јанчев: Закон за бранители нема, СДС коленичеше пред ДУИ, ДПМНЕ коленичи пред ВРЕДИ

t

ЗНАМ нема да го поддржат Законот за бранителите, затоа што имаат коалициски договор овој закон никогаш да не дојде на дневен ред! – вели пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

– СДС можеа да го донесат Законот за бранители додека беа на власт, ама го поднесоа сега кога се опозиција, затоа што претходно коленичеа пред ДУИ.

ДПМНЕ сега нема да дозволи Законот за бранители да дојде на дневен ред, затоа што тие коленичат пред ВРЕДИ.

Гаши ќе добие кривична пријава од Левица, затоа што не го стави на дневен ред Законот за бранителите. Тој веќе доби и претставка до ДКСК, затоа што си ја носеше сопругата во Вашингтон на собраниска сметка.

ДУИ, затоа што не се на власт, велат дека се нарушени етничките односи.

ДПМНЕ им има ветено на ДУИ – собраниска комисија за правична застапеност преку која ќе се спроведува балансерот! Затоа, ДУИ во три часот по полноќ направи мнозинство со ДПМНЕ за реорганизацијата на министерствата.

Вчера Коалицијата го смени Законот за царина. Таму имаше еден директор и еден заменик. Директорот е од ДПМНЕ, заменик од ВРЕДИ и сега се отвори уште едно заменик директорско место – за ЗНАМ!

Филибастерингот како инструмент беше кочница на власта – сега тоа е укинато. Но, како што гледате, сега има нови преседани, а ние, со нивниот камен, ќе ги удриме по нивна глава! – вели Јанчев.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…