(Видео) Ја заврши ЈуТуб кариерата: Најпознатиот македонски јутубер емотивно се збогува со фановите

t

„Смачено ми е од слава“ – Марко Марковиќ познат како GP е еден од најпознатите македонски јутјубери, а одлучи да им каже „Збогум“ на своите обожаватели. Во подолго проштално видео тој ги појаснува сите причини заради кои одлучил да се откаже од кариерата на YouTube.

Марко Марковиќ (23) познат како GP, веќе подолго време е познат во македонската јавност како еден од најуспешните јутјубери кој редовно споделуваше видеа со видео-игри и други содржини.

Кариерата на YouTube ја започнал уште како дете, а по повеќе години „на врвот“ одлучи да се збогува со оваа кариера, а за тоа како што појасни има повеќе причини.

Првата причина е затоа што сака повеќе да се сконцентрира на работата како програмер и на професијата за која напорно учел и се образувал во изминатите години.

„Образованието секогаш ми било и ќе ми биде на прво место. Сите обврски си бараат време, и во последниот период ретко ставав видеа и се гледаше дека немам доволно време.

Немам повеќе време за YouTube и за програмирање. Физички веќе не е возможно да сум квалитетен и на двете места, а немам намера да се откажам од факултетот.

Јутјуберот за крај говореше повеќе и за тоа како славата што ја уживал се одразила врз неговиот приватен живот. Според него, славата освен што му ги попречувала вистинските пријателства, во голема мера влијаела и врз неговиот љубовен живот. Како што вели, во последно време постојано бил прогонуван од девојки што само сакаат слава и ништо повеќе:

„Добро девојче што сака смирен и нормален живот нема да оди со јавна личност и сега кога ќе се тргнам од YouTube автоматски ги филтрирам сите што се заради слава и сите ќе си отидат и тоа ми е целта“ – вели тој.

За крај Марко упати јасна порака до сите јавни личности, но и до обичните луѓе:

„Не сакам веќе ништо со јавна личност, не сакам веќе ни трошка слава. Смачено ми е од слава…

Нека биде моево откажување од YouTube една поука и тоа не само за јавните личности, туку и за обичните луѓе: пробајте да вратите некои од старите морални вредности, тоа што нè прави луѓе, пробајте вистински да сакате, да не пробувате сите да ве видат и со секого да комуницирате, пробајте да верувате и да не лажете и пробајте да имате убави морални вредности.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ