Објавено на:

(Видео) Ќе кажам нешто за прв пат, понудив Русија да стане дел од НАТО, но не сакаат силни и суверени држави во Алијансата

t

Додека целиот свет ја очекува официјалната одлука на рускиот претаедател Владимир Путин за признавање на независноста на сепаратистичките Републики Доњетск и Луганск, Путин на различен начин го шокираше светот, но пред се Западот.

Путин открива дека во далечната 2000-та година отворено му понудил на тогашниот американски претsедател, Бил Клинтон, Руската федерација да стане дел од НАТО.

-Му понудив на Клинтон, Русија да биде дел од НАТО. Еден беше одговорот пред мене, а друго правеше Западот на дело, изјави Путин.

Toj oткрива дека откако отворено понудил Русија да стане дел од НАТО, САД и сојузниците помагале на сепаратистите во Кавказот, односно на Чеченците и сите останати народи кои се бореле за независност од Руската Федерација.

Според него на САД во НАТО не им се потребни независни, суверени и силни држави кои можат да носат самостојни одлуки.

И покрај отвореноста на Русија кон Западот, според Путин продолжила агресијата и мешањето во внатрешни работи на Русија.

Тој посочува дека во моментов НАТО има насочено крстосувачки проектили кон Русија на само 70 километри од нејзината територија.

Инаку Путин пред малку ја призна независноста на сепратистичките региони на Доњетск и Луганск во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…