(Видео) 41 година САЕ „Тигар“, погледнете го промотивниот спот за најдобрата македонска единица

t

На платото пред базата на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар“, денеска во касарната „Илинден“, свечено беше одбележана 41-ата годишнина од формирањето на оваа специјална единица.

Оваа Единица претходниве неколку години беше дел од врвни обуки во земјава и во странство, во рамки на меѓународни и европски проекти, како онаа во Република Германија со Европската команда на американската војска – Зелени беретки, со специјалците – карабинери од Италија, со специјална единица „УРНА“ во Чешка, со австриската „КОБРА“, со француската „РАИД“, а секогаш посебен белег остава учеството на припадниците на оваа Единица во бројни тактичко-оперативни вежби со национален и меѓународен предзнак.

-Следејќи ги светските трендови, новите форми на дејствување на организираните криминални групи, радикализмот и насилниот екстремизам, а со цел да се даде ефикасен одговор преку спречување на истите, САЕ ‘Тигар’ континуирано се усовршуваше и модернизираше, за денес да можеме да кажеме дека Единицата претставува високопрофесионална, организирана и врвно опремена формација во рамки на МВР и безбедносниот систем во државата. Особено сакам да го истакнам фактот дека припадниците на САЕ ‘Тигар’ се одликуваат со висок степен на подготвеност, мотивираност и силна посветеност во извршување на своите задачи, а посебно место во историјата на нашата единица имаат припадниците, кои извршувајќи ја својата должност, на првите борбени линии, го дадоа и најдрагоценото – ги положија своите животи, истакна командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски.

Порача дека САЕ„Тигар” беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи ги мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата држава.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има меѓучовечки односи кои не се добри,…

Има меѓучовечки односи кои не се добри,…

И Валуев мора на фронт: Русија го…

И повеќе од сериозна е ситуацијата во…

Путин и Ердоган по разговoрот: Турција е…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал…

(Видео) Иранките масовно си ги сечат долгите…

Фотографии на социјалните мрежи покажуваат како расплакана…

Не е сигурен договорот со Србија за…

Државата обезбедува субвенционирана цена на електричната енергија…