(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт нa Заев и Филипче

t

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од ковид, рече на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е огромна бројка и дека тоа не се само обични бројки туку луѓе, судбини и семејства.

Македонија има најголема смртност во регионот. Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош. Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа. Резултатот е катастрофален. Резултатот е фијаско и дебакл. 8.000 починати луѓе од КОВИД, тоа е тажна и ужасна бројка за сите нас, рече Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

(Видео) Портпаролот на Бајден одбива да одговори…

На социјалните мрежи е објавена снимка од…

Американците повторно ќе мораат да носат маски…

Во САД, со почетокот на школската година…

СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од…

Скоро 36 милиони луѓе во европскиот регион,…

Децата на политичката елита профитираат од брзите…

Децата на политичката елита профитираат на грбот…