(Видео) Eкcплодиpaше автомобил: Изгope архивата и целата сметководствена и финансиска документација од претходното раководство на Улици и патишта?

t

Во доцните вечерни часови, околу 1 часот по полноќ се запалија бараките на Јавното претпријата Улици и патишта.

Според информациите на противпожарната бригада и В.Д. директорот пожарот започнал со експлозија на приватно возило паркирано на јавен простор. Пожарот потоа според информации од противпожарната бригада се префрлил на околните бараки на Јавното пртепријатие, а само брзата реакција на чуварот кој ги пријавил во пожарна ги спасила бараките да не изгорат до темел.

Инфомакс утринава разговараше со директорот на претпријатието Борис Настов кој ни посочи дека се уште не е завршен увидот во објкетот, а не е ниту безбедно да се влезе во објектот па така не може со сигурност да потврди што се е уништено во објектот.

Во објектот се наоѓала целата сметководствена и финансиска документација од претходното раководство на Улици и патишта во која спаѓаат јавни набавки, договори, човечки ресурси и останата документација.

-Не можеме со сигурност да потврдиме што се е уништено. Се уште не е завршен увидот, објектот не е безбеден за да ја констатираме штетата. Во објектот се наоѓаше целокупата документација на претпријатието, но сега за сега не знаеме што е уништено, вели Настов.

Ова не прв ваков сомнителен пожар во јавна институција кој наведува на можно уништување на документација поврзана со работата на државен орган.

Претходно изгореа канцелариите на Министерството за животна средина, лоцирани во зградата на поранешна Комерцијална банка, а најкритичен е првиот кат каде што се наоѓаше и Државниот инспекторат за животна средина.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвинуваше дека во пожарот изгоре документација што укажува на финансиски малверзации во оваа државна институција.

Видео – ММС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меси: Верувам дека Марадона би бил среќен…

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси го коментира своето…

Народната банка ја донесе Програмата за работа…

Советот на Народната банка ја донесе Програмата…

Вулин директор на БИА

За директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) денеска…

Ковачевски не се сретнал со Таравари и…

Премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција во Владата…