(Видео) Hacилни пpoтести во Атина против ковид мерките во училиштата: Студентите и професорите фpлаа со предмети кон министерството за образование

t

Насилни сцени се случија пред грчкото Министерство за образование во Атина за време на протестот на студентите против здравствените протоколи во училиштата поради корона вирусот, а сето тоа кулминираше кога демонстрантите почнаа да фрлаат предмети кон владините згради.

Претходно мирните демонстранти маршираа со професор кој порача дека протестите се органзирани како повик до властите да спроведат „неопходна безбедносна мерка“ за да се заштити образованието во Грција. Студентите ги повикуваат грчките власти да обезбедат заштита од негативните ефекти на Ковид-19.

Централниот слоган на Атинскиот студентски координативен комитет, кој ги организираше демонстрациите, е „На илјадници случаи никаде ги нема, сакаме безбедни и отворено училиште“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Историска судска победа на македонскиот јазик во…

Центарот за македонски јазик во Грција со…

Заев за признавањето на Центарот за македонски…

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук го…

ДОБРА ВЕСТ: Грција официјално го регистрираше центарот…

Центарот за македонски јазик е официјално регистриран во…