Викендов топлотен бран во Македонија
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне од 29 до 37°C.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во делови од котлината ќе има мали услови за краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 35°C.
Според прогнозата, за време на викендот и на почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и многу топло. Температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, а на одделни места ќе достигнат и до 39°C.
Во вторник ќе се задржи топлото време, но со зголемена облачност и услови за пороен дожд, додека во среда се очекува мал пад на температурите и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендов топлотен бран во Македонија
Утре времето ќе биде сончево и топло…
Лекар од Германија призна дека убил 12…
Лекар од Германија признал дека убил 12…
Јаневска уверува дека оптимизацијата не се прави…
Наставниците не треба да се плашат, никој…
Историски момент за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа…
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма…
Брод погоден со проектил во близина на…
Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO)…