ВИНОЖИТО ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ГРЦИЈА: , Македонците во северна Грција се радуваат и го поздравуваат секое унапредување и продлабочување на грчко-македонските односи
Пишува Павлос Воскопулос ФИЛИПОВ
Во врска со реакциите во јавноста, а по повод одлуката на грчкиот суд за регистрација на Центарот за Македонски јазик во Лерин, го упатувам следното известување за јавноста.
Прво, Благодарејќи на пријатели во земјите членки на Европската Унија, партијата ВИНОЖИТО регистрирана во 1994 година, го впиша Македонскиот јазик како малцински јазик во органите на Европската Унија многу порано од регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин.
Второ, Преспанскиот договор стави “печат” на Македонскиот јазик во независната Македонска држава, соседна на Грција.
Трето, Правата и слободите и положбата на македонското малцинство во северна Грција зависи од самите Македонци во Грција, независно дали постоел или не Преспанскиот договор.
Четврто, Членовите на партијата ВИНОЖИТО и воопшто македонското малцинство во Грција ќе се радува да ја види Македонската држава проспертетна и полноправна членка на Европската Унија што побрзо, за токму таму да ги искористи благодетите на органите и финансиските можности од ЕУ за доброто на сите граѓани.
Петто, Македонците во северна Грција се радуваат и го поздравуваат секое унапредување и продлабочување на грчко-македонските односи. Припадниците на Македонското малцинство ќе настојуваат Грција да чекори напред: После признавањето на Македонскиот јазик, да го признае Македонско малцинство и да имплементира соодветни позитивни мерки за нивните права и слободи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…