Висок раст на цените во земјоделието – зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33%
За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, во земјоделското производство највисоки цени се постигнати кај зеленчукот каде што има пораст од 63,3%, потоа овошјето и грозјето со раст на цената од 33,2% и вината кај кои цената пораснала за 18%, покажуваат податоците на Давниот звод за статистика.
Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво.
Статистика бележи вкупен годишен раст на цните на растителното земјоделското производство од 39,9%, додека кај добиточната храна тој раст изнесува 6,5%.
Податоците кои денеска ги објави Државнот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво цените во земјоделството во јули бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.
Во делот инпут (трошоците во производството и инвестициите) има зголемување на цените од 2,8% кај тековно потрошени средства во земјоделството и од 6,9% кај цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството.
Притоа највисок раст од 39,1% е забешежан кај цените на ветеринарсните услуги, добиточната храна (11,3%) и одржувањето на зградите и опремата (10,9%).
Намалување на цената од 5,7% има кај цената на енергијата, за 1,4% кај средствата за заштита на растенијата, како и кај семињата од 0,3% и кај ѓубривата од 0,6%
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Висок раст на цените во земјоделието –…
За една година, од јули лани до…
СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да…
Мицкоски јасно порача платите нема да растат…
Трамп: Ќе разговарам за прашањето за териториите…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…
САД го избришаа Македонското малцинство – сервилноста…
САД ГО ИЗБРИШАА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО – СЕРВИЛНОСТА…
Агелер: Новите возила претставуваат олицетворение на постојаната…
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во своето…